Предизборното соочување на Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски на Алфа телевизија беше закажано за денеска, 30 април каде во “Отворено на Алфа”, своите ставови за актуелните политички и економски ситуации во земјата требаше да ги соочат потенцијалните кандидати за следниот претседател. Најава за дебатата веќе неколку дена одеше на Алфа, но денес телевизијата излегува со соопштение дека соочувањето е откажано.
https://www.facebook.com/AlfaTV.mk/videos/1098409383677539/?t=6
Во продолжение ви го пренесуваме соопштението на Алфа :
“Почитувани, од почетокот на кампањата за претседателски избори, телевизија Алфа професионално известува за кампањата на кандидатите. Во таа насока се и извештаите од Агенцијата за медиуми.
Во првиот круг од претседателските избори, телевизија Алфа се одлучи за индивидуални претставувања на кандидатите преку интервјуа во рамките на емисијата Отворено. Тв дуелот на двајцата кандидати кои би влегле во вториот круг, го планиравме за вториот дел од кампањата. Токму затоа уште во текот на првиот дел од кампањата, телевизија Алфа ги покани кандидатите за тв соочување со наведени датуми и термини согласно нашата програмска шема, при што добивме потврден одговор од сите штабови на кандидати кои ги поканивме.
Кога заврши првиот изборен круг, телевизија Алфа емитуваше рекламен спот со најава со однапред договорениот термин, за тв соочување меѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски, кандидатите кои ја продолжија претседателската трка. Но од необјасниви причини, уште првиот ден од емитувањето на рекламниот спот, од штабот на кандидатот Стево Пендатовски не’ известија дека тој сепак нема да присуствува на тв дуелот. Тв Алфа побара објаснување, но до денеска, не доби.
Телевизија Алфа ќе продолжи професионално да известува за претседателската кампања и за сите активности на кандидатите.”
Дани | ТВ Пакет