„Преку Атлантикот“ е историска драмска серија чие дејство се случува во Норвешка и САД за време на Втората светска војна.
Серијата опфаќа широк спектар на настани, но посебен акцент е ставен на односот помеѓу норвешката престолонаследничка принцеза Марта и американскиот претседател Френклин Рузвелт во периодот во кој Марта била бегалец во САД по нацистичката окупација на Норвешка во 1940 година.
Самата серија започнува кога престолонаследничката, принцезата Марта и престолонаследникот Олав стравуваат од германска инвазија на Норвешка, но владата не ја препознава опасноста додека не биде предоцна.
Кралското семејство и владата се принудени да бегаат, а нацистите се зад нивните потпетици. Марта и Олав донесуваат непријатна одлука да го спасат семејството. А тоа е бегство во Америка.
Нова серија копродуцирана од американски и европски продукции на Велика Британија, САД, Германија, Белгија и Норвешка. Осумтте епизоди од оваа мини серија ќе може да ги следите секој петок и сабота на ТВ 24 во 21 часот.
Дани | ТВ Пакет