Почетна / Филм / Премиерно на МРТ – СФ хорор и романтична комедија за викенд

Премиерно на МРТ – СФ хорор и романтична комедија за викенд

„Пропуштен повик“ е натприроден хорор филм од 2007 година во режија на Ерик Валет и сценарио на Ендрју Клаван кој на МРТ 1 ќе го гледате во сабота, 24 септември во 23 часот. Меѓународната копродукција помеѓу Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство, Јапонија и Германија е римејк на истоимениот јапонски филм од 2003 година во режија на Такаши Миике.

Започнува доволно невино, неодговорен повик на мобилен телефон. Но, говорната пошта е од вас – три дена во иднина – и звукот што го слушате е ваш додека ве убиваат. Започнува со еден повик, но тоа не е крајот на оваа приказна за теророт што ја смрзнува крвта во вените.

Дали треба да го земете мобилниот телефон? Можете ли да направите нешто за да ја промените вашата судбина? Дали сакате да го знаете времето, местото и начинот на кој треба да умрете?

Во недела, 25 септември во 21 часот ќе ja гледате американската романтична комедија “Getting played”. На трите умни, убави и сексапилни пријателки (Вивика Фокс, Кармен Електра и Стејси Даш) веќе им се здодевни мажите кои постојано мамат и решаваат да си поиграат со нив.

Тие сакаат да докажат дека сите мажи се предвидливи, дека лесно можат да ги заведат и започнуваат игра според нови, свои правила. Заедно се натпреваруваат да заведат еден среќник за да му докажат дека е сон на секоја жена. Но, тие не знаат дека за нивната цел тој знае, и дека и тој е подготвен на игра и има некои адути.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

error: Содржината е заштитена!