Приказна за неколку дена од животот на моќниот холивудски продуцент Бен (Де Ниро), кој е принуден да се справи со стотици случаи во исто време. Неговиот нов филм, Fierce, го отвора Канскиот филмски фестивал за две недели, но режисерот Џереми Брунел (Винкот) нема монтирано уште неколку сцени.
Нема договор за последната сцена во која главниот лик – Шон Пен (Шон Пен) умира заедно со своето куче, но гледачите не сакаат суровост кон животните. Гостинот Брус Вилис (Брус Вилис), кој, според заплетот, треба да биде избричен, пристигнува на сет и на сите им ја демонстрира својата бушава брада и целосна неподготвеност да ја избричи.
На ова се додаваат и семејните неволји: поранешната сопруга на Бен добива љубовник – сценаристот Скот Соломон (Тучи). Секогаш нешто се случува во Холивуд во “What just happened”, сабота, 8 октомври во 22.15 часот на Телма.
Дани | ТВ Пакет