Од идниот месец на Македонската телевизија следува нова, петта сезона од популарната серија „Преспав“.
Снимањето е во тек, а актерите велат, поради пандемијата биле затворени без работа, без театар, без снимања и имале потреба да „експлодираат“ пред камерите. Сметаат дека комедијата е вид терапија и треба почесто да има вакви серии.
Семејството Бузалевски ќе ги води гледачите низ нови авантури, а старите членови на персоналот на пансионот ќе мора да се привикнат и на нови, уште поурнебесни ликови.
„Преспав“ е прв македонски ситком проект кој изминатите четири сезони постигна голем успех и популарност кај публиката преку малите екрани и на интернет.
Затоа, бидете подготвени и очекувајте ја најновата сезона од најгледаната македонска серија на сите времиња. Наскоро на МРТ 1, нова сезона на “Преспав”.
Дани | ТВ Пакет