Недела на Наша, време за театар. 25 ноември во 21.30 часот ќе биде прикажана театарската претстава на Велешкиот театар – “Чернодрински се враќа дома”. Правена е по текст на Горан Стефановски, а во режија на Мартин Кочовски. Покрај ансамблот на Велешкиот театар, во претставата гостуваат и млади актери. Сценографијата е на Филип Јовановски, костимите ги изработи Маја Кикириткова, а користена е музика од групата „Фолтин”.
Според Јордан Витанов, директор на театарот во Велес, ова е еден од 20 најдобри македонски текстови, затоа што на еден многу специфичен начин говори за основоположникот на македонскиот театар Војдан Чернодрински.
Дани | ТВ Пакет