Почетна / Филм / Саботно на МРТ со љубовната драма, базирана на роман на Спаркс

Саботно на МРТ со љубовната драма, базирана на роман на Спаркс

Возбудлива и напната приказна за борбата на една жена да сака повторно. „Прибежиште“ е базиран на романот на Николас Спаркс, најпродаваниот автор на хит филмовите „The Notebook“ и „Dear John“.

Кога една мистериозна млада жена ќе пристигне во мал град во Северна Каролина, нејзината неподготвеност да се приклучи на тесно поврзана заедница ќе крене прашања за нејзиното минато. Полека ќе почне да „пушта корени“ и ќе собере храброст да започне врска со Алекс, вдовец со две деца.

Но мрачните тајни почнуваат да ѝ се закануваат на нејзиниот нов живот толку многу што таа ќе биде принудена повторно да го открие значењето на зборот „жртва“ и да се потпре на моќта на љубовта во овој длабоко трогателен љубовен трилер.

“Прибежиште” на првиот канал на МРТ сабота, 26 април во 20.15 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Документарен серијал за најпознатите кина во светот на Телма

Нов документарен серијал на Телмам кој ќе не однесе на патување низ светот за да …

error: Содржината е заштитена!