Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Пријавете се за учество во кулинарското шоу „180 степени“ на Телма

Пријавете се за учество во кулинарското шоу „180 степени“ на Телма

Наскоро на ТВ Телма ќе почне да се емитува ново кулинарско шоу во кое може да учествувате и вие. Во „180 степени“ може да се пријават сите кои ги исполнуваат условите за учество.

Право на пријава имаат само полнолетни лица со наполнети 18 години на денот на пријавата. Пријавата бара потврда на идентитет и исполнување на условите за учество во готвачкото шоу на територија на Република Македонија.

Доколку бидете избрани за учество во емисијата, мора да бидете во можност да ги прилагодите вашите секојдневни обврски за определен временски период за време на снимањето на емисијата.

Доколку сте професионален готвач, немате право на пријава.

Во моментот не смеете да работите како професионален готвач и никогаш не сте работеле како професионален готвач.

Доколку во минатото сте оствариле приход како готвач, со подготовки и готвење во професионална средина (ресторан, хотел, менза, кетеринг итн.), Телма го задржува правото, по своја дискреција, да процени дали вашите вештини, обука и искуство се на ниво кое е преквалификувано и не е соодветно за учество во емисијата. За успешно учество следуваат награди.

Пополнетата пријава за „180 степени“ испратете ја на мејл-адресата : [email protected]

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Таско во „Нешто конкретно”: Со жена ми не би се карал заради мајка ми

Да сум жена на 24 часа прво што ќе направам? Ќе се направам маж – …

error: Содржината е заштитена!