Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Видео | Приказната за планинската спасителна Служба од Охрид

Видео | Приказната за планинската спасителна Служба од Охрид

Во новата епизода на ТВ ТАКСИ 28, Стрезо, Стефан и Ана се возат до Охрид да ги запознаат момците од најдобрата Планинска спасителна служба во земјава. Македонија се наоѓа на седмо место на листата најпланински земји во светот. Дури 85,5% од територијата е покриена со планини, што отвора можност за развој на планинските спортови и туризам.
Планинскиот и авантуристичкиот туризам во последниве години привлекуваат многу посетители низ македонските планини кои неретко знаат да ја потценат планината или да ги преценат своите способности, што е рецепт за несреќа.

Заради безбедност на домашните и странски љубители на планините, неопходни се стручни, обучени и специјализирани планински спасителни служби кои знаат како да се соочат со непредвидливи временски услови и непристапен терен, и брзо да интервенираат.

Во ТВ ТАКСИ 28, во eпизодата за меѓугранична соработка Мартин Пејоски, член на Планинската спасителна служба од Охрид, раскажа за значајноста на постоење на ваков тим, проектите кои се работени изминатите години со колегите од Албанија и предизвиците со кои се соочуваат.

Планинската спасителна Служба од Охрид е доброволна волонтерска организација која делува во регионот околу Охридското Езеро на територија на општините Охрид, Струга, Дебарца, Вевчани, Ресен и Поградец. Јадрото го сочинуваат искусни алпинисти од Алпинистичкиот клуб Патагонија Охрид, кои партнерски со Црвен крст Охрид ја развиваат службата уште од самите почетоци. Во моментов во службата има десетина спасители обучени да делуваат на комплексни терени, кои се искусни планинари обучени за логистика, пребарување и спасување на нетехнички и технички планински терен. Службата располага со современ оперативен и тренинг центар, теренски возила и специјализирана опрема за изведување на сложени спасителни операции на планина достапна 24/7 во зимски и летни услови.

Освен на територијата на Охрид, делуваат и вон границите на земјава и до сега имаат остварено два меѓугранични проекти. Во разговорот со Мартин Пејоски, тој објаснува дека првиот е двегодишен проект со општина Поградец од Албанија, за создавање на служба за спасувачки акции на вода на делот од Охридското езеро кое е на албанска територија, и опремување на службата за спасување во летни услови. Вториот е тригодишен проект со општина Грамш – обебедување на опрема за спасување во зимски услови, и во рамки на ПП службите – спроведување обуки за спасување на нетехнички терен, како и опремување со чамец за спасување. Проектите и набавката на опрема се остварени со помош на ЕУ, а спасувачите работат на волонтерска основа. Во земјава волонтерскиот труд не е препознаен, а важноста на спасителите во услови кога нечиј живот е загрозен е огромна, и нивниот повик, како што вели Мартин, не е прашање на желба или избор туку едноставно – мора.

Поентата на crossborder програмата e целиот овој регион да се гледа како една целина, да нема граници, бидејќи кога има потреба за спасување – „границите и навистина не постојат“.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова сезона од фолк емисијата „На здравје“ секоја недела на Алфа

Четвртта сезона од музичката фолк емисија “На здравје” на Алфа телевизија. Секоја недела од 16.15 …

error: Содржината е заштитена!