ТВ Сител започнува со емитување на нова колумбиска теленовела. Епохалната серија за “Белата робинка” ексклузивно и во Македонија. Приказна за ропството и желбата на една девојка да се справи со големата неправда на 19-тиот век. Во продолжение запознајте ја содржината на Робинката и очекувајте го стартот на новелата :
Убавата Шпанка Викторија Квинтеро доаѓа на американскиот континент, оставајќи ги сите без здив. Таа е маркиза, која доаѓа во таа дива земја, како би се заколнала на вечна љубов кон земјопоседникот Николас Парено.
Сепак, зад очигледната среќа се кријат поинакви намери на младата маркиза. Пред многу години, животот на малата Викторија бил спасен од робовите во тоа место, кои деноноќно својата пот, младост и убавина ги оставаат над тие полиња, и за тие злобни, алчни и немилосрдни господари.
Токму тие луѓе, обесчестените и обесправените ја спасиле Викторија од смрт, ѝ дале дом во нивната колиба и станале нејзино семејство.
Но, како поминувале годините, богатите се запрашувале што бара бело девојче во една таква заедница на робови и црнци.
Суровите правила на општеството биле многу јасни: на бело дете не му е дозволено да порасне со црни робови, членови на пониската раса, па затоа Викторија им била одземена на робовите и била пратена во Шпанија, на белиот континент.
Сега, Викторија се враќа во родниот град како истакната благородничка, желна да стави крај на ропството. Таа планира да ги ослободи луѓето што некогаш ѝ пружиле шанса за живот, ѝ дале кров над глава, но исто така, таа со душа чека да му се врати на Мигел, роб со темна кожа со кој се засакала уште од мали нозе.
Во исто време, убавицата од Шпанија прави сè во нејзина моќ за да го пронајде убиецот на нејзините родители и нема да запре сè додека не ги постигне сите свои цели.
Белата робинка знае дека бојата на кожата не ја прави разликата помеѓу луѓето – крвта што тече низ вените на луѓето е со иста боја, а она што нè раздвојува е душата која може или да шири љубов и еднаквост или да биде отруена од омраза и алчност.
Дани | ТВ Пакет