Почетна / Сапуници / Прочитајте како започна романсата „Немирно лето“ на Сител
Од понеделник до недела во 19.45 часот на Сител - "НЕМИРНО ЛЕТО"

Прочитајте како започна романсата „Немирно лето“ на Сител

Еда е млада, убава и паметна девојка со добро срце, која внесува позитивна енергија во својата околина благодарение на нејзиниот весел карактер, отвореноста и непосредноста. Од друга страна, таа е импулсивна и избрзана во своите одлуки и не се двоуми да каже што мисли.

Нејзината страст се книгите, пријателите и цвеќињата, работи во цвеќарница со својата тетка, а најголем сон ѝ е да стане архитект. По смртта на нејзините родители, таа ги насочила сите свои надежи во образованието и како најдобра студентка добила стипендија за последната академска година да ја заврши во Италија. Но, во последен момент таа е лишена од стипендијата и шансата да го оствари својот сон.


Во меѓувреме, Еда ќе се обиде да го пронајде Ерхан Болат, успешен бизнисмен и сопственик на познат холдинг. Тоа е човекот кој ја откажал нејзината стипендија и од тој момент, станува човекот што ќе биде најомразена личност за Еда.


Ерхан е убав и згоден млад човек, образован и интелигентен, но безмилосен во својата работа. Тој многу добро знае како да ги сврти коцките во деловниот свет на своја страна како што тоа може да направи само еден шаховски велемајстор.

Наместо од срцето и душата, тој е воден од разумот и логиката. Стои зад секоја одлука што ја донесува и оди до крај. Нема друга мотивација освен работа и успех. За него нема пораз и затоа тој длабоко се плаши да сака со цело срце, мислејќи дека љубовта ќе му ги попречи амбициите.


Па така, посакувајќи да го запознае и уништи човекот што ѝ ја украде животната шанса, Еда ќе реши да го посрамоти јавно Ерхан, протестирајќи пред универзитетот во кој ледениот принц држи говор. Но, поради сплет на несреќни околности, тие се принудени да го поминат целиот ден заедно, врзани со лисици, … и во тој момент Еда ќе сфати дека тој е навистина сè што таа презира – арогантна, егоцентрична личност и целосен „control freak“!

Медиумите „по грешка“ ги прогласуваат Еда и Ерхан за пар, па тоа го искористува Ерхан како би си ја повратил поранешната девојка, која го оставила за друг. Ерхан ѝ нуди стипендија на Еда, под услов да се преправа дека се заедно во следните два месеци.

Еда првично ја одбива понудата, но поради новите услови е принудена да се согласи. Ерхан и Еда започнуваат лажна романса, која преминува во страсна и предизвикувачка врска во едно вистина немирно лето.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!