Емотивна приказна која ги омекна срцата и на најтврдите и ги расплака душите и на најкревките. Со оваа приказна, работена по вистински настан, сочуствуваа сите што ја слушнаа и ја засакаа сите што ја видоа. Прочитајте ја содржината и вклучете се во приказната која ја следите на Сител од понеделник до петок во 22.35 часот.
Налан е наивна и љубезна девојка, израсната во голема куќа покрај Босфорот. Нејзината мајка Фериде е конзервативна и доминантна жена која ја контролира својата ќерка во сè што прави, грижејќи се за семејната чест како врвен приоритет пред сè останато.
Госпоѓата Фериде не ѝ дозволува на ќерка си да излегува навечер, да се гледа со некој маж пред да се омажи, ѝ ја контролира тежината, никогаш не покажувајќи љубов и разбирање за своето чедо.
И сето тоа е поради една голема тајна од минатото, скриена зад големите и студени ѕидови на вилата.
Девојката е всушност нејзина внука, која ја одгледала како ќерка и никогаш не ѝ ја кажала вистината. И поради таквиот груб однос, Налан никогаш не се спротиставува на мајка си, го прави она што ќе ѝ биде кажано, одговара на телефонски повици кога мајка ѝ ќе ѝ дозволи, не се гледа со ниеден маж.
Вистинска принцеза израсната зад прозорците на вилата. Невина девојка која сонува за љубов која никогаш не ја имала. За чувства кои никогаш не ги доживеала. Но, еден ден, сосема случајно ќе се запознае со Седат, еден од синовите на богатото семејство на Рафат Короглу.
Средбата со овој млад човек за неа е остварување на нејзините соништа и потајно бегство од куќата во која израснала. Седат живее во богатство и раскош, трошејќи на скапи и луксузни работи. А самиот тој, како и Налан е контролиран од неговиот суров татко, но желен е да носи свои одлуки и да управува самиот тој со сопствениот живот.
Богатата и невина Налан за семејството Короглу е совршена прилика за нивниот син Седат. Но, ќе може ли Седат да го прифати договорениот брак меѓу двете семејства и да се лиши од неговата тајна афера со мажена жена?
Ќе успее ли Фериде да го прифати овој човек за сопруг на нејзината ќерка и да ги оствари соништата на Налан?
За таа што беше растена во златен кафез, бајката ќе почне да се остварува, но ни самата не е свесна дека рајот што го сонуваше, за миг може да стане вистински пекол.
Дани | ТВ Пакет