Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Продолжува контактната програма на Телма со нова водителка

Продолжува контактната програма на Телма со нова водителка

По едногодишна пауза, продолжува контактната програма на ТВ Телма.

Од понеделник до петок во 17.30 часот ќе се емитува “Црвена линија”. Водител на оваа сезона е Тина Таутовиќ (Бело глувче) наместо Гоце Андреевски кој замина од Телма и стана портпарол на МВР.

И во новата сезона од емисијата, гледачите ќе имаат шанса да се јават во студиото, да твитнат, да се вклучат и да зборуваат за најжешките твитови и теми на денот. Водителката и во оваа сезона ќе биде на црвена линија со гледачите во однос на сите главни случувања, вести и теми на денот. 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Втората сезона од „Трка низ светот“ нѐ носи низ Латинска Америка

Никогаш не било полесно да се стигне до другата страна на светот. Но, дали летајќи …

error: Содржината е заштитена!