Телевизија Телма и италијанската национална телевизија РАИ и годинава го обновија договорот за соработка, кој ќе им донесе на македонските гледачи – нови и интересни филмски содржини во продукција на РАИ.
Меѓу нив се сериите „Винченцо Малинконико“, „Мина Сетембре“ и „Живеј и остави да живеат“, како и документарните филмови кои ги раскажуваат фасцинантните животни приказни на светската ѕвезда на Формула 1 Енцо Ферари, скијачкиот шампион Алберто Томба и виртузниот пијанист и композитор Еѕио Босо.
Иницијативата следи по минатогодишните италијански успешни вечери на Телма на кои се емитуваа сериите „Срца“, „Бегалка“, „Венчај се со мене“ и „До последното отчукување на срцето“, како и неколку италијански филмови.
Договорот е реализиран благодарение на соработката со италијанската амбасада во Скопје насочена кон промовирање на италијанскиот јазик и култура во земјата.
Дани | ТВ Пакет