Почетна / МК Сцена / Продуцентот од Беркли, Драги Иванов, ја промовираше својата песна

Продуцентот од Беркли, Драги Иванов, ја промовираше својата песна

Драги Иванов, музичар и музички продуцент од Скопје, кој има студирано музичка продукција и инженерсто и електронска продукција и соунд дизајн на Беркли, во Бостон, Америка од 2018 година е активен на македонската музичка сцена и има соработувано со доста македонски уметници, меѓу кои Дупер, Плутос Даутс, Фанк Шуи и Дина Јашари.

Во последните шест години, исто така споделува своја музика, поактивно оваа година, со што овва недела на 11ти Јуни објави нова песна, Крута, каде самиот е изведувач, кант-автор и продуцент, а воедно е и одговорен за видео записот. Ова е првиот видео запис снимен новиот културно-едукативен центар Лабораториум во Скопје.

Иако во поголемиот дел од снимањето е инволвиран само Драги, сето ова би било тешко изводливо без Стефан Момиќ, кој успеа да му даде простор во веќе густиот распоред на Лабораториум, сите прекрасни луѓе што се дел од екипата на Лабораториум што помогнаа на свој начин и направија да се чувствува како дома и Мирослав Илиќ, кој во сред испитна сесија успеа да направи колор и графички дизајн на овој видео запис. Исто така, благодарност до Филип Методиев за прекрасната гитара и до Мартина Баракоска за дел од синтисајзерите и оргулите во рефрените и мостот на песната – велат од тимот на продукцијата.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анониа Гиговска проговори за бившиот: Го сакам Иван како човек

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со Иван Јованов, вели дека во …

error: Содржината е заштитена!