Почетна / Живот / Промовирана „Урбанон: Прирачник за агенти“ од Марио Савовски

Промовирана „Урбанон: Прирачник за агенти“ од Марио Савовски

Продолжението на интерактивната книга Урбанон: Тајните документи на Марио Савовски од минатата година во издание на „Современост“ насловено Урбанон: Прирачник за Агенти ја доживеа својата промоција минатиот петок, 20.12, во 20:00 часот во Beertija Pub.

Оваа иновативна книга во облик на првата македонска друштвена игра со улоги (tabletop role-playing game) на Савовски претставува интерактивна приказна со повеќе играчи и еден Контролор (Game-Master), која главно се игра со разговор помеѓу играчите и со фрлање коцки. Секој играч има свој карактер претставен на лист хартија во кој се впишани информации и атрибути. Преку тој карактер, играчот има удел во здружената приказна во која се наоѓаат сите играчи. Секој играч донесува одлуки за својот карактер и со тоа влијае на останатите карактери, одредувајќи го текот на приказната.

Преку Прирачникот, авторот Марио Савовски ги повикува играчите да навлезат во светот на Отралкон, да станат агенти и да ги истражуваат урбаните легенди низ целата територија на Македонија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!