Почетна / Живот / Промоција на едицијата „Европски книжевен мозаик“ од ИК Магор

Промоција на едицијата „Европски книжевен мозаик“ од ИК Магор

Книжевната едиција „Европски книжевен мозаик”, во издание на издавачката куќа Магор од Скопје, беше промовирана денес, 13.09.2020 (недела), со почеток од 18 часот, во промотивниот центар на годинешниот Саем на книгата во Скопје, кој годинава се одржува зад спортската сала Борис Трајковски, до Аква паркот.

Едицијата содржи 10 книжевни дела од европски автори, со жанровска разноликост – романи, романи за млади, детски книги, и драмски текстови.

Проектот е поддржан од Извршната агенција за култура на ЕУ – ЕАЦЕА и Министерството за култура на РСМ.

На саемската манифестација и самата промоција се запазени сите безбедносни протоколи за заштита од Ковид-19 пандемијата.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Панчо од ДНК е хоспитализиран со изгореници на лицето и раката

Според последните информации кои ги преснесе Јадранка Николовска, сестрата на Владимир Блажев, попознат како Панчо …

error: Содржината е заштитена!