Негова прва љубов е пишувањето на текстови за хип – хоп трап и рап музика, а пораката што како млад артист сака да ја упати до сите, не само на хип-хоп и рап сцената во Македонија, е да бидат свои и креативни, користејќи ја слободата во уметноста, бидејќи, како што самиот вели, само преку оригиналоста публиката ќе ве почитува и цени повеќе.
Сето ова беше доволен мотив, младиот Антонио Талевски (TONY), кој живее во Прага, да ја сними и својата прва песна со несекојдневен наслов „Ламборџини“, а периодов престојуваше во Скопје, каде го снимаше и спотот за истата.
Автор на текстот е самиот Антонио, миксот и мастерот се на Иван Јованов, аранжманот е на Александар Стаматовски, а спотот го работеше Томислав Живковиќ.
-
- Долго време пишувам текстови за песни ( хип-хоп, трап, рап музика ), а ова ми е прв пат каде ќе се издвојам и како артист. Покрај текстовите за песни на македонски, имам и текстови на српски јазик, а во моментов сме и во преговори за соработка со еден тамошен познат артист, кој не би сакал да го откријам додека не се прецизира се. Имам 19 години, но и многу желби и планови, желба да настапам рамо до рамо со COBY, да соработувам со многу македонски и балкански артисти. Креирам секојдневно, пишувам текстови, подготвувам нови песни за себе и мислам дека сето тоа публиката кај нас ќе го препознае, но најважно од се е да ја препознае мојата порака како млад артист, а тоа е да се почитува повеќе македонската музика, без разлика дали таа ја создаваат веќе докажани имиња кај нас или млади музичари и без разлика дали е за хип-хоп и рап или некоја друга сцена, бидејќи само така публиката преку поддршката повеќе ќе не охрабри да создаваме поквалитетна музика и повеќе хитови, вели Антонио.
Дани | ТВ Пакет