Почетна / Телевизија / Протест на кабелските – од среда по 3 часа исклучување на програма?

Протест на кабелските – од среда по 3 часа исклучување на програма?

Од денеска (21 јуни, недела), кабловските оператори во Македонија во 18 часот започнуваат едночасовен протест со исклучување на сите македонски и странски телевизии (освен МТВ) , како реакција на Уредбите на Владата кои се однесуваат на регистрација на странски канали. Операторите се жалат дека се приморани на ова како последна опомена поради наметнатите нови правила кои како што велат се неприменливи.

Како што велат операторите во писмото испратено до Владата, Собранието и неколку амбасади во земјава протестот е поради неодржливоста на сегашната правна рамка и наметнатите неуставни обврски.
За време на прекините на екранот ќе ја испишеме причината за истото со цел да ги запознаеме нашите корисници и општата јавност со она што ги очекува на почетокот на август оваа година како резултат на донесената Уредба.

Операторите велат дека законските измени им наметнуваат обврска да гарантираат за авторските права на програми кои тие не ги произведуваат, туку само ги реемитуваат и за тоа да сносат материјална и кривична одговорност. Оваа законска обврска за операторите претставува состојба на виша сила и е неприменлива затоа што операторите кои реемитуваат програма не можат да имаат ниту контрола, ниту одговорност за тоа дали се регулирани авторските права за сите поединечни програми што ги создаваат и емитуваат телевизиите.

Ваквата практика неофицијално ќе продолжи во понеделник и вторник, но од среда работите би се заостриле, па телевизија ќе нема во период од три часа и тоа во терминот од 19 до 22 часот.
Дали со ова ќе се изврши притисок врз власта или сепак операторите ќе најдат “заеднички јазик” со македонските телевизии, останува да видиме.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

error: Содржината е заштитена!