Oд 8 јуни 2020 во 20.30 часот, мексиканската теленовела “Фамилијата Реј” повторно на програмата на Прва скопска МТМ. Серијата премиерно се емитуваше на локалните телевизии минатата година, а потоа и на Сител, и неколкупати репризно на МТМ и на другите локални телевизии.
Гледачите постојано прашуваат до нашиот портал – зошто локалните телевизии репризираат содржини како никогаш порано и дали ќе дојде ден за некоја премиерна програма на овие телевизии ? До кога истите серии и филмови ќе се вртат во круг?
За потсетување, серијата го следи животот на Рејеви. Главата на фамилијата Реј, дон Еверардо е еден од најпознатите и највлијателни моќници во Мексико. Сопственик е на семејната компанија гигант, а оженет е со Мануела со која има три деца, Вадо, Гиљермо и Матијас. Меѓутоа, нивната приказна на богатство, власт и моќ има мрачна позадина, проткаена со неверства и предавства.
Лоренца Малвидо и Матијас Реј се вљубуваат еден во друг и одлучуваат да се борат за својата љубов, и покрај сенките од минатото кои ги следат нивните семејства. Матијас и Лоренца ќе се венчаат и доаѓа моментот кога Матијас ја носи саканата сопруга на хациендата на својата фамилија.
Интриги, љубов и омраза во теленовелата “Фамилијата Реј”, репризно на прва скопска МТМ.
Дани | ТВ Пакет