Првиот веб речник на Македонски знаковен јазик е веќе достапен за јавноста.
www.znakoven.mk
Речникот е целосно изработен од членовите на Здружението на глуви и наглуви “Тишина” – Карпош со поддршка на Министерството за Надворешни работи на кралството Норвешка, Меѓународната фондација “Борис Трајковски“ и маркетинг агенцијата SkyBlueMedia.
Преку проектот “Раце што зборуваат” се поставува солидна основа пред се за глувата популација, за знаковните толкувачи, но и за сите заинтересирани во Македонија да се здобијат со квалитетно образование на Македонскиот знаковен јазик во кои се употребени високи светски стандарди за изработка на еден ваков речник.
– Длабоко сме убедени дека преку овој проект се отвара нова страница во Македонското општество за зголемена рамноправност помеѓу глувите лица и лицата што слушаат со цел да се обезбеди подобра комуникација, социјална инклузија на глувата популација како и подигање на јавната свест за нивните потреби. – велат од SkyBlueMedia и Меѓународната фондација Борис Трајковски.
Дани | ТВ Пакет