Почетна / Забава / Прво издание на Electronic Retreat Festival на 15 март во Скопје

Прво издание на Electronic Retreat Festival на 15 март во Скопје

Најголемиот електронски настан оваа пролет пристигнува во Скопје! На 15 март 2025 година, во Скопје Евент Центар, ќе се одржи првото издание на Electronic Retreat, со Jax Jones како хедлајнер!

Ова е првото гостување на Jax Jones во Македонија – артист кој со своите мегахитови како “You Don’t Know Me,” “Breathe” и “Instruction” го освојува светот и поставува нови стандарди во електронската музика.

Заедно со него, на сцената ќе настапат и:
Јоргос Митропетрос – талентираниот македонски диџеј
HALO – електронски виртуоз од Холандија
Кики Ботонаки – енергичната сензација од Грција

Очекувајте вечер исполнета со моќни битови, неверојатна продукција и атмосфера која ќе ве однесе на музичко патување какво што досега не сте доживеале!

Билетите се пуштени во продажба онлајн на ticketx.mk како и во продажната мрежа на TicketX низ цела Македонија по следниве лимитирани “Early Bird” цени:

“Early Bird” Fan Zone – 990 ден.
“Early Bird” VIP – 1.500 ден.

Бидете дел од овој историски момент – почетокот на новата ера во електронската музика кај нас!

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворен нов датум за стенд-ап дуелот на годината – првиот распродаден

Поради рекордно распродадениот прв термин и огромниот интерес од публиката, актерите Марјан Георгиевски и Бојан …

error: Содржината е заштитена!