Базирана на вистинска приказна, “Невинoст” е психолошка драма, чии автори го следеа теркот на популарните “Истанбулската невеста” и “Мојот дом”. Серија со една поинаква тематика, серија со поинакви емоции и големи животни поуки.
Во првата сезона, емитувана на Сител, се запознавме со Хан, успешен бизнисмен кој живее заедно со неговиот татко Хикмет и неговите три сестри Сафијe, Ѓулбен и Нериман.
Хан го посветува целото свое време за семејството и нема свој приватен живот.
Неговиот татко боледува од дијабетес, неговата мала сестра Нериман боледува од астма додека неговите две големи сестри имаат психички проблеми.
Сафије и Ѓулбен се опседнати со хигиената во домот, дури четири пати го мијат зеленчукот со сапун и не пуштаат никого во кујната како не би внеле бактерии.
Нивната зависност од чистење ги прави животите на членовите на семејството тешки и мачни. Бидејќи сакаат да исчистат сè на совршен начин, трошат толку многу време дури и да подготват едноставно јадење.
Братот им приоѓа на своите сестри со многу внимателност и разбирање, не ги осудува и се труди максимално да им даде поддршка притоа правејќи жртва за сопствениот живот.
Но, една случајна средба со младата девојка Инџи го менува животот на Хан.
Опсесија и посесивност. Љубомора и интровертност. Проблеми со кои ќе мора да се соочат Хан и Инџи, проблеми кои се косат со здравиот разум и проблеми кои може да се решат само еднаш и засекогаш – со спротиставување кон двете чудни сестри.
А причината за чудното и лудо однесување на сестрите лежи во сенките од минатото, во траумите од тешкото детство кои им ја уништиле кревката невиност.
Првата сезона беше емитувана на телевизија Сител, а сега целата серија, од почеток до самиот крај ќе се емитува на кабловскиот канал Дизи. Од 17 април (понеделник) во 18.20 часот – “Невиност” од прва до последна епизода.
Дани | ТВ Пакет