Почетна / Сапуници / Пу, пу, не важи – Алфа ја тргна синхронизацијата на сред емитување

Пу, пу, не важи – Алфа ја тргна синхронизацијата на сред емитување

Пред еден месец на телевизија Алфа беше прекината со емитување “Величествениот”, популарната турска серија претходно со голем успех емитувана на Канал 5 телевизија.

И наместо Сулејман во 16.15 часот, Алфа започна со реемитување уште една успешна турска серија, претходно емитувана на Сител. Иако неколку седмици “Аси” се прикажуваше надсинхронизирана на македонски јазик, од денес синхронизацијата е тргната и серијата продолжува со титл.

Токму така, единствената играна програма на оваа фреквенција (всушност реприза од друга телевизија) продолжува со титл.

За споредба, последниве години најгледаните македонски телевизии Сител, Канал 5 и Алсат ниту еднаш не тргнале надсинхронизација на серија за време на емитување.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!