Почетна / Сапуници / Раскошната екранизација на „Ана Каренина“ од Толстој празнично на ТВ 24

Раскошната екранизација на „Ана Каренина“ од Толстој празнично на ТВ 24

„Сите среќни семејства си прилегаат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин”.

Руска мини серија снимена според истоимениот роман на рускиот писател Лав Толстој од 1878 година. Едно од најголемите имиња во литературата. Од најголемиот мајстор на класиците. Зарем има некој кој не чул барем како завршува трагичната приказна на оваа голема хероина која празнично на екраните ја носи ТВ 24.

Ана Каренина е мажена за 20 години постариот Алексеј Каренин висок владин функционер со кого го има синот Сергеј.

Вронски е млад гроф, кој сака да се ожени со Ана ако таа се согласи да го напушти сопругот, но таа е ранлива на притисоците на руските социјални норми, моралните закони на Руската православна црква, сопствените несигурности, нејзината љубов кон синот, и неодлучноста на Каренин.

Иако Вронски и Ана одат во Италија, каде можат да бидат заедно, тие имаат проблем по враќањето. Назад во Русија, таа е оцрнета, изолирана и вознемирена, додека Вронски го следи својот социјален живот. И покрај уверувањата на Вронски, таа станува сè посесивна и параноична во врска со неверството, плашејќи се од сопственото губење на контролата.

Паралелна приказна е онаа за Константин Левин, богат земјопоседник кој сака да се ожени со Кити, сестра со Доли и снаа на братот на Ана, Степан Облонски. Левин двапати ја бара за жена Кити пред таа да прифати.

Левин има проблеми во управувањето со неговиот имот, бракот и неговата борба да ја прифати христијанската вера, сè до раѓањето на неговото прво дете.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!