Почетна / Филм / „Разложувајќи го Хари”, комедија на Вуди Ален во петок на МРТ 1

„Разложувајќи го Хари”, комедија на Вуди Ален во петок на МРТ 1

Колку и да е успешен со неговите широко читани романи, писателот Хари Блок (В. Ален) нема успех во односите со другите луѓе. Поради неговата последна книга, Луси (Џ. Дејвис) буквално сака да го убие затоа што Хари повторно ги опишал луѓето и настаните од неговата околина, менувајќи ги само нивните имиња во приказната.

Хари зад себе има три неуспешни брака и двојно повеќе психотерапевти, додека врската со убавата Феј (Е. Шу) ми пропадна бидејќи таа реши да се омажи за неговиот пријател Лери (Б. Кристал).

Имено, Лери го киднапира сопствениот син, ја носи на пат проститутката Куки (Х. Гудман), а во неговата психичка стабилност не е сигурен ниту неговиот најдобар пријател Ричард (Б. Балабан). Со сето тоа, несреќниот писател почнува да „излегува од фокус“ паѓајќи во тежок творечки блок…

Вуди Ален и Каролин Арон во комедијата “Deconstructing Harry” (1997) во петок на МРТ 1 во 21 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

error: Содржината е заштитена!