По цели 11 години, бунтовниците се враќаат во етерот во Аргентина! Телевизискиот канал ТЕЛЕФЕ одлучи повторно да ја емитува успешната приказна на Крис Морена, „Rebelde Way“. Приказна за тинејџерите со големи различности во своите карактери, но соединети преку една страст – музиката.
По цели 11 години бунтовниците се враќаат во етерот во Аргентина! Телевизискиот канал ТЕЛЕФЕ одлучи повторно да ја емитува успешната приказна на Крис Морена, „Rebelde Way“. Приказна за тинејџерите со големи различности во своите карактери, но соединети преку една страст – музиката.
Каналот организира масовен фан-собир на денот на стартот на серијата каде што сите ќе се појават со своите спомени од „Rebelde Way“, како што се музички албуми, албуми со самолепливи сликички, постери и се друго што потсетува на нивниот период. Серијата во Аргентина означува феномен кој што никогаш повеќе нема да се повтори, означува препознатливост на една генерација, на нашата генерација!
Серијата во Македонија се емитуваше на А1 телевизија пред 10 години. Почна на 15. октомври, 2003. година, а заврши на 5. јануари во 2005. година. Во периодот на нејзиното емитување тинејџер по улица не можеше да се види. Училишните тетратки повеќе не беа со ликовите на Бритни Спирс, Џастин Тимберлејк или Кристина Агилера, бидејќи музичката група „Erreway“ беше единственото нешто за што се интересираа младите Македонци во тој период.
Феноменот во Аргентина моментално се најавува со слоганот „Што ти се случи тебе во изминатите 11 години“, кој што е поддржан од фотографии на ликовите прикажани во минатото и сегашноста. Ние од ТВ Пакет би сакале да знаеме што ви се случи на вас изминативе 10 години, колку што поминаа од македонската премиера на „Млади Бунтовници“. Можеби ќе успееме да ги убедиме телевизиите и нас да ни ја репризираат оваа прекрасна серија, никогаш не се знае.
Крис Манев | ТВ Пакет