Коктел Мастер – Бадел Мастерклас, најголемото и највозбудливо регионално натпреварување на бармени, започнува со емитување на YouTube каналот на Канал 5 телевизија. Првата епизода, премиерно ќе биде прикажана на 14 април со почеток во 22 часот!
Уживајте во високобуџетното, регионално натпреварување со сензационални коктели направени од натпреварувачи од Словенија, Хрватска, Србија и Македонија.
Шоуто Бадел Мастерклас брои вкупно 11 епизоди, секоја во траење од 40 минути, а нови епизоди ќе се емитуваат секој работен ден, од понеделник до петок, додека пак финалето е закажано за 27 април.
Ова е шоу кое освојува на прв поглед, ја спојува креативноста, врвниот талент и страста кон миксологијата. Динамично натпреварување, зачинето со силна доза возбуда, кое ќе ве држи будни до самиот крај. Коктел Мастер ќе инспирира многу бармени на нови коктел креации, но ќе ги поттикне и гледачите да пробаат некој микс во својот дом.
Во трката за престижната титула Коктел Мастер, како и спектакуларната награда од 30.000 евра, учествуваа вкупно 100 натпреварувачи, од кои 4 се од Македонија. Секоја епизода носи нова возбуда за гледачите и жирито, но претставува и одлична можност за споделување на знаење и искуство меѓу натпреварувачите, како и интензивни предизвици со шокантни исходи.
Изборот на кандидатите, чии вештини конечно ќе ги видиме на екраните, се одвиваше во три возбудливи круга, во кои учествуваа над стотина пријавени, врвни бармени. Првиот круг вклучуваше онлајн теоретска проверка на знаењата, додека вториот и третиот круг беа посветени на практичниот дел, кој се одржа во пет града – Загреб, Белград, Љубљана, Сараево и Скопје. За големото финале беше избран Загреб, каде натпреварувачите се соочија едни со други.
Жирито, составено од тројца реномирани членови на регионалната барменска сцена – Тијана Клајн, Филип Липник и Марио Мајцен – имаше полни раце работа, и тоа буквално! Овој совршен спој на стручност, искуство и високи стандарди во оценувањето на талентите донесе многу пофалби, но и разочарувања. Иако често ја истакнуваа креативноста на натпреварувачите, не штедеа совети кога стануваше збор за професионални подобрувања. Нивната строга, но праведна евалуација беше голем предизвик за сите и го претвори ова натпреварување во вистинска борба за главната награда.
Секој коктел раскажува приказна, а зад секоја чаша се крие страст, упорност и неограничена креативност.
Дали знаевте дека постои коктел со вкус на пица, кој ќе го подготви единствената дама меѓу Топ 20 финалисти? Ќе ѝ донесе ли победа токму тој уникатен коктел? Кој ќе биде најдобриот од најдобрите во регионот? Дознајте ексклузивно на You Tube платформата на Канал 5 ТВ од 14 април – затоа што на тронот има место само за еден.
Дани | ТВ Пакет