Благоја Чоревски, Данчо Чевревски, Нино Леви, Зоран Љутков, Катерина Шехтанска, Предраг Павловски, Гордана Ендровска повторно на Сител во домашната серија “Операција дијамант”. Се работи за македонска серија, снимена во 2016-та година, а сега ќе се репризира од 30. септември до 4. октомври, по пладневните вести.
“Операција Дијамант” раскажува приказна за една љубов, илјадници километри оддалечена и десетици илјади денови мечтаена. Во оваа приказна, сите се добри, но бурното време некогаш знае да изненади. Но и овде, идејата да се сними филм ќе ги промени животите на сите. Еден филм, една љубов и еден дијамант е она што ќе ги потсети гледачите на Сител од понеделник до петок во 12.10 часот.
Дани | ТВ Пакет