Во зовриениот град Белград, манијак убива три жени на крајно суров, ритуалистички начин. Жртвите ги обединува слободоумниот начин на живот и фактот дека се мајки на синови кои немаат татковци. Деца кои не зборуваат.
Напнатата полициска потрага по манијакалниот сериски убиец ќе открие мрачни тајни од минатото и ќе ги вовлече хероите во спирали на измами, лаги и трагични животни искушенија.
Серијата го следи инспекторот Никола (Горан Богдан), поранешен хулиган, кој мора да се соочи со своето мрачно минато и сите негови тајни за да го открие серискиот убиец.
Колку е истрагата е поблиску до крајот, толку е посигурен дека нешто суштински ги поврзува него и убиецот. Ова е приказна за гревот и копнежот, за љубовта и омразата. За пријателството засновано на криминал и тајни. За луѓе кои се и спасители и мачители, жртви и џелати. На крајот на краиштата, ова е приказна за град кој полека тоне во мочуриштето на своето минато.
Во низата репризи на Телма, пред почетокот на новата сезона следува реприза на првата сезона од српската крими серија “Мочуриште”. Од 29 август, понеделник во 22.15 часот.
Дани | ТВ Пакет