Повторна реприза на српската емисија “Работна акција”, од понеделник до петок во 20.20 часот, веднаш по “Дубровничка зора”. Во изминативе неколку години, емисијата беше репризирана постојано и тоа во прајмтајм на оваа фреквенција.
Има семејства што животот го поминуваат во трошни куќи, се соочуваат со сериозни социјални и здравствени проблеми… Или, пак, живеат во домови оштетени од пожари или од други временски или елементарни непогоди. На овие луѓе им е неопходна помош. Оваа емисија има мисија. Таа мисија се состои во тоа да им се помогне и да живеат барем во пристојни услови за домување.
Мајсторите и волонтерите ангажирани во оваа емисија и поведени од хумани мотиви ги реновираат домовите и ги опремуваат цакум-пакум. Секој дефект ќе биде поправен, секој недостаток ќе биде надоместен. Вредните и хумани луѓе ќе работат 5 дена, додека за тоа време семејството ќе живее кај роднините или кај пријателите. Кога ќе се вратат назад, ги очекува сосема нов дом. Нивните реакции и тие моменти потврдуваат дека хуманоста е една од највисоките вредности.
Дани | ТВ Пакет