Шпанската серија “Живот без дозвола” ќе нè воведе во животот на моќниот Немо Бандеира, кој дознава дека боледува од Алцхајмерова болест и треба да го одбере својот наследник на империјата, која не ја стекнал на легален начин.
Неговите деца немаат интерес за тоа, но тука е Марио. Немо го одгледал како свој син, но не го гледа како свој наследник бидејќи во неговите вени не тече неговата крв. Се случува пресврт.
Неговите деца почнуваат да се интересираат кој попрво да застане на чело на империјата. Но, Немо има и вонбрачна ќерка, која во суштина го презира неговиот начин на живот. Некој треба да се подготви да го преземе неговото место!
Приказна за силна љубов и силна амбиција од понеделник до четврток репризно на Телма во 23 часот.
Дани | ТВ Пакет