Голем број од термините на Телма се веќе пополнети со репризи. Април месец, а репризите во полн ек. Репризи на емисии, серии.. и во дневните, и во вечерните, и во ноќните часови.
Па така, наутро има репризи на емисии, емитувани минатиот ден :
10:20 Заврти на Телма (р)
11:00 Никој како… – забавна емисија (р)
12:00 Back stage – естраден магазин (р)
Но, она што е особено зачудувачки за гледачите е што вечерните термини кои телевизии како Сител, Алфа, Алсат и Канал 5 ги користат исклучиво за премиери, Телма ги користи за репризи. Се работи за репризи на серии, претходно емитувани на оваа фреквенција.
Наместо да им понуди премиерна програма на своите гледачи, уредништвото на телевизијата од понеделник ќе репризира уште една серија во 22.15 часот, на местото на премиерната финска серија која завршува на 1 мај.
20:30 Крв – играна серија
22:15 Тајни агенти – играна серија
23:40 Сина месечина – играна серија
Сите три претходно емитувани!
Но… репризите не застануваат тука. Напротив, продолжуваат и потоа, па и во текот на целата ноќ. Сѐ до утринските часови.
00:30 Топ тема – информативна програма(р)
01:40 Заврти на Телма(р)
02:30 Утринска на Телма – контактна програма(р)
05:30 Црвена линија(р)
06:20 Вести(р)
Дали телевизија Телма ги погледнала програмските шеми на останатите телевизии во регионот за да види како треба да изгледа програма во тек на сезона? Дали Телма знае колку премиерни емисии и серии емитуваат грчките, бугарските, хрватските телевизии?
На што се должи оваа програмска шема и зошто наместо да вложува во континуитет и програма, уредништвото на телевизијата се одлучува за репризи?
| ТВ Пакет