Почетна / Серии / Репризно на Нова С и серијата за комичарот кој стана претседател
Лето 2020-то - од понеделник до петок, репризи на "Слуга на народот" на Нова С во 15.40 часот

Репризно на Нова С и серијата за комичарот кој стана претседател

Украинска хумористично-сатирична серија која го прослави Володомир Зеленски, актуелниот претседател на Украина кој во ситкомот ја толкува улогата на неговиот живот, професорот Васил. За време на серијата, комичарот ја формира политичката партија “Слуга на народот” и на изборите во Украина во 2019. година, успева да  го победи Порошенко и да стане претседател на државата, на изненадување на многумина.

Ова е серија за скромниот професор Васил кој случајно ќе стане претседател, откако на социјалните мрежи ќе биде објавен експлозивен негов говор за украинската политика. Народот ќе го засака, а тој започнува нов живот како претседател на земјата. И покрај привилегиите кои треба да ги има, Васил не сака промени во неговиот живот и продолжува да живее во стан со родителите, позајмувајќи пари од пријателите и возејќи велосипед до работа.

Така изгледа најмоќниот човек во земјата… но да се седи на претседателската фотеља не е воопшто лесно. Крај него има многу завидлви, опасни и алчни луѓе желни за власт, пари и корупција.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

error: Содржината е заштитена!