Ова лето Сител телевизија ни ја донесе семејната комедија “Романтичното маало” која може да ја следите за викенд во 19.45 часот, веднаш по централниот Дневник. Приказна за многу смеа и со многу смеа за весели и среќни денови по жешките и исцрпни работни обврски.
Комедија која успева да расположи секој што ќе реши да ја погледне и да внесе ведрина во вечерите со Сител. И токму оваа серија е режирана од истиот режисер кој претходно стана познат со светскиот хит за “Вљубениот ерген”.
Метин Балекоглу успеа и во “Романтичното маало” да ни ја пренесе истата енергија како од Ергенот, внесувајќи моменти на романса, хумор и многу забава.
Дани | ТВ Пакет