Популарниот македонски пејач за чиј настапи се бара билет повеќе, харизматичниот Ристе Ристески деновиве престојува во Сараево, Босна и Херцеговина, каде што ја снима својата нова песна.
После „Добро јутро тајно“, „Неизлечиво“ и „Како ли се она зове“, пејачот во студиото „Ал Мјузик“ подготвува уште една одлична песна која има тенденција да стане вистински хит. Нејзин автор е токму маестралниот Амил Лојо.
– Во Сараево дојдов да ги испочитувам моите пријатели кои ме поддржуваат уште од самиот почеток, да уживам на кратко во овој прекрасен град, но тука сум и за да ја снимам мојата нова песна која ја правам заедно со Амил Лојо. Мислам дека имаме добитна комбинација. Периодов покрај бројните настапи во Белград, каде што живеам, напорно работам на нов материјал и едвај чекам зелено светло од мојот тим за да можам да ги споделам информациите со јавноста, раскажува Ристески.
Откако во 2017 година се закити со титулата прв македонски победник на најголемото регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ и потпиша ексклузивен договор на 9 години со продукцијата „Гранд“, на Ристе Ристески секој викенд му е букиран, настапи најчесто има во Белград каде што и живее, но често знае да замине и за Италија, Швајцарија и Австралија, каде што имаше и турнеи.
https://www.facebook.com/RisteRisteski/videos/10215371432102353/?t=4
Дани | ТВ Пакет