Почетна / Филм / Роберт де Ниро, Брус Вилис и Шон Пен во саботен трилер на МРТ 1

Роберт де Ниро, Брус Вилис и Шон Пен во саботен трилер на МРТ 1

Зачинети холивудски приказни од линијата на фронтот. Зборува за филмскиот бизнис одвнатре, за гнев, задоволство, цинизам и општа недоверба и страв од следната криза. Со Де Ниро глумат познати актерки како: Кетрин Кинер, Брус Вилис, Шон Пен, Робин Рајт Пен, Стенли Тучи, Кристин Стјуарт и Мајкл Винкот.

Како бесна воденица која меле се што ќе наиде, минува една недела во животот на продуцентот Бен (Р. Де Ниро), кој се бори со изопачениот режисер Брунело (М. Винкот) да се согласи на промени во филмот, бидејќи ако тој не се согласува, филмот нема да се прикажува во Кан и сите ќе загубат милиони долари на него, што студениот шеф на студиото Лу Тарноу нема да го дозволи.

Тој се бори и со ѕвездата на неговиот нов филм, Брус Вилис, кој се здебели и не сака да си ја избричи брадата, иако личи на Гризли Адамс, а не на Брус, миленикот на публиката. Ќерката на Бен од првиот брак има насолзени очи и не сака да каже што и е, а последната сопруга на Бен – тие живеат одвоено, иако се уште се сакаат – го изневерува со писател кој Бен го препознава по чорапи оставени под креветот. Над сето ова е смртниот страв од неуспех…

Улоги: Роберт Де Ниро, Кетрин Кинер, Брус Вилис, Шон Пен, Робин Рајт Пен, Стенли Тучи, Кристин Стјуарт и Мајкл Винкот

Сабота, 1 март – 20.15 часот, МРТ 1 – трилер комедијата “What just happened”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најавите за филмови на ТВ 24 на веб сајтот „затаиле“ на 13 декември

Доколку ја посетите интернет страницата на ТВ 24 и сакате да се информирате за редовната …

error: Содржината е заштитена!