Анплагд концертот на Р&Б дуото ДНК којшто се одржа на 29-ти септември во Универзалната Сала во Скопје, беше несекојдневно доживување за присутните, не само поради гостите и одличната изведба на најголемите хитови на ДНК во една поинаква димензија туку и заради изненадувањето кое Панчо им го приреди на самиот почеток на концертот.
Иако тој е задолжен за рапување во нивните песни, публиката имаше одлична можност да се увери и во неговиот талент за пеење, преку извонредната изведба на големиот светски хит “Rolling in the Deep” од Адел. Како сето тоа изгледаше и звучеше погледнете самите и уживајте.
Крис Манев | ТВ Пакет