Попладнето на Сител стартува во 11.20 часот со романтичната комедија “Одмор”, каде главните улоги им припаднаа на Кејт Винслет, Камерон Дијаз, Џуд Ло и Џек Блек.
Приказната ги следи разочарувањата на две жени кои се на спротивните страни од Атлантикот, но нивното интернет познанство ќе вроди со идеја – да ги заменат домовите и да тргнат во нови авантури.
Веднаш по романсата, во 13.40 премиера на кинеската акција “Вангард” со познатиот Џеки Чен.
Тајната безбедносна компанија „Вангард“ е последната надеж за преживување на сметководителот кој ќе се најде на мета на најсмртоносната платеничка организација во светот.
Дани | ТВ Пакет