Популарниот Романтичар со добротворна акција!
Познатиот турски актер Џан Јаман од хит сериите „Романтичарот“ и „Полна месечина“ на дело сочувствуваше со трагедијата што го снајде турскиот град Измир и неговите граѓани кои ги потресе силниот земјотрес со јачина од 6,5 степени во петокот, на 30 октомври.
Турската ѕвезда контактираше со организаторот на добротворната кампања и реши својата парична помош да ја уплати на сметката за донации.
Романтичарот еден месец ќе се грижи и за храната и за сите други потреби на домаќинствата на 100 бездомни семејства во Измир, по природната катастрофа во која загинаа повеќе од сто луѓе.
Дани | ТВ Пакет