Оваа среда премиерно на ТВ 24 ќе се прикаже американската романтична драма “Cоmet” од 2014 година.
Џастин Лонг и Еми Росум се љубовници, чија врска цвета и се расплетува во текот на шест години во мистериозна романса.
Кога случајната средба ќе ги спои циничниот Дејл и итрата Кимберли доаѓа до бурна љубовна врска која се развива како загатка. Додека филмот цик-цак напред-назад во времето – од метеорски дожд во Лос Анџелес, до средба во хотелска соба во Париз, до судбоносен телефонски повик – се формира незаборавен портрет на врска.
Дани | ТВ Пакет