Почетна / Филм / Романтичната трилогија се заокружува со „Before midnight“ на Телма

Романтичната трилогија се заокружува со „Before midnight“ на Телма

Џеси (Итан Хоук) и Селин (Џули Делпи) првпат се сретнаа во возот за Виена во 1995 година, средба од којашто произлезе „Пред изгрејсонце“ (Before Sunrise).

Девет години подоцна, во продолжението „Пред зајдисонце“ (Before Sunset), Џеси веќе беше познат писател кој во Париз ја сретна убавата Французинка со која некогаш имаше кратка, но интензивна романса. Девет години по таа средба, романтичната трилогија се заокружува со нивниот одмор во Грција.

Во овој трет дел тие веќе неколку години се во брак, имаат и две ќерки, а Џеси се обидува да го задржи контактот со својот син од претходната сопруга.

Селин несебично го поддржува во тоа, а истовремено е сконцентрирана на нејзината кариера. Гледачот тоа лесно ќе го разбере само преку нивните разговори, затоа што тука нема настани кои се редат еден по друг и сочинуваат некакво дејство.

Овој филм нема класично развивање на приказна која почнува со вовед и заплет по што постепено ќе се расплетува. „Пред полноќ“ е збир на прекрасни дијалози кои ја сочинуваат неговата магија. Располага со многу малку сцени, но во сите нив има многу зборување.

Се зборува за животот, за љубовта, за бракот, за кариерата… Следете ја романсата во недела во 22.15 часот на Телма.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

error: Содржината е заштитена!