Врз основа на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, ААВМУ донесе одлука за одземање на дозволата за телевизиско емитување на трговското друштво за радиодифузна дејност ТВ Шутел Дооел Скопје.
Имателот на дозволата не го платил надоместокот за дозволата за телевизиско емитување во законски утврдениот рок.
Потсетуваме дека и на телевизијата БТР која исто така имаше седиште во Шуто Оризари и беше првенствено наменета за ромската популација во земјава, остана без дозвола за емитување пред десетина години. По БТР, сега и Шутел ТВ (позната и како Б1 последниве години) престана да зрачи на малите екрани.
Дани | ТВ Пакет