Да си вистински професионалец во телевизија, значи да не го мрднеш погледот од камерата дури и во случај рефлекторите да експлодираат над твојата глава!
Инцидентот во утринската програма на РТС телевизија е вистински пример. Дописникот Никола Божовиќ од Зрењанин на своето јавување во програмата се соочи со експолизија од рефлектор и не изреагира ама баш никако. Едноставно продолжи да ја работи својата работа. Водителката Наташа Миљковиќ не можеше да се воздржи од смеење, го праша колегата дали е добар, а тој и одговори дека се е во ред, освен тоа што останале без еден рефлектор.
Chris | ТВ Пакет