Почетна / Серии / Руските „Татковци“ во потера по терористи во нова викенд серија на Сител
Руска серија во 12 продолженија секој викенд по полноќ на Сител телевизија

Руските „Татковци“ во потера по терористи во нова викенд серија на Сител

Дванаесет средношколски одбојкарки се киднапирани додека се враќаат во Москва по натпреварот на Кипар каде успеваат да побeдат.

Несреќните девојки се киднапирани од радикални исламисти. Тие терористи планираат да користат некои од нив за трговија со органи, подготвувајќи ги за продажба на црниот пазар. Судбината на останатите е во рацете на терориститите кои ги подготвуваат и за сексуални робинки во хареми или бордели.

Олег е поранешен борец на специјална единица и татко на една од девојките. Тој донесува одлука со молскавична брзина да го спаси своето дете и за ова нашиот херој бара поддршка од другите татковци на заробени девојки.

Овие татковци ги здружуваат силите против киднаперите. За да ги спасат своите ќерки, тие сосема обични мажи, но татковци со големи срца ќе треба да го направат невозможното.

Во време кога сме сведоци на голем светски пресврт во Авганистан, Сител телевизија решава да ни престави серија  која е сведоштво за терористички акт и жална судбина на жртвите. Затоа бидете со Сител, секоја сабота и недела по полноќ да ја проследиме заедно крими драмата за “Татковците” кои се подготвени да убијат или умрат за своите чеда.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

error: Содржината е заштитена!