Биографски шпионски трилер во кој Џуди Денч и Софи Куксон ја портретираат Џоан Стенли, британската шпионку која работела за КГБ. Премиерно на Телма оваа сабота, 25 октомври точно на полноќ.
Годината е 2000 година, а Џоан Стенли ужива во својот приградски дом на почетокот на новиот милениум. Нејзиниот мирен живот е нарушен кога е уапсена од британската служба МИ5, која ја обвинува дека споделувала разузнавачки информации со комунистичка Русија. Заплетот на филмот не враќа во 1930-тите кога Џоан била студентка по физика во Кембриџ.
За време на студиите се заљубува во младиот комунист Лео Галич и поради него почнува да го гледа светот поинаку и го менува својот став кон животот. Работејќи во таен центар за нуклеарни истражувања за време на Втората светска војна, Џоан сфаќа дека светот е на работ на меѓусебно уништување и е принудена да избере дали да ја предаде својата земја и нејзините најблиски или да ги спаси нивните животи.
Дани | ТВ Пакет