Почетна / Филм / Сабота на Телма со италијански, израелски и американски филмови

Сабота на Телма со италијански, израелски и американски филмови

Дали може толку многу да го сакате своето братче, а да криете толку важен дел од себе? Џек секогаш сакал брат, но кога тоа ќе се случи неговите родители му велат дека брат му е „посебно“ дете. Со текот на времето ја дознава вистината, дека неговиот брат всушност има Даунов синдром.

Тогаш почнува да го крие од своите пријатели. Но, Гио има толку заразна енергија и оригинален поглед на светот, што менува сè околу себе како вистински како вистински суперхерој во попладневниот филм “Mio fratello rincorre i dinosauri” на Телма, оваа сабота (26.03.2022 година) во 16.45 часот.

Прајмтајмот е надополнет со драмедијата мјузикл “The Band’s Visit”. Бенд од осум египетски музичари стасуваат во Израел да настапат на отворање на Арапски културен центар.

Таму остануваат една ноќ, но дружењето со навидум од нив различни луѓе, останува во траен спомен. Топлата порака овој израелски филм е дека осаменоста е заедничко чувство на сите луѓе.

И за крај на вечерта, по италијанскиот и израелскиот филм во 22.15 часот следува комедија која ги истражува изборите со кои се соочуваат жените денес додека ги сатиризира културните очекувања за полот и романтиката.

Соња е невротична писателка на џинглови која отсекогаш сонувала за голем и возбудлив живот. Изненадена од ненадеен предлог и последователен ултиматум од нејзиното момче Крис, Соња треба да одлучи дали ќе се приклучи на редот на нејзините оженети пријатели или ќе направи скок и ќе ги следи своите фантазии.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

error: Содржината е заштитена!