Почетна / Филм / Саботна вечер на Телма со француската драма „Старателство”

Саботна вечер на Телма со француската драма „Старателство”

Антоан Бесон, е убав човек, поранешен сопруг на Миријам, задолжен е за безбедност во болница. Тој е ценет и од претпоставените и од колегите. Добар татко кој е подготвен да биде поблизок со својот единаесетгодишен син Жулиен, и од тие причини избира да биде префрлен во градот каде што живее момчето заедно со неговата мајка и неговата постара сестра Жозефина, која наскоро ќе стане полнолетна.

Токму тоа е причината поради која Антоан бара заедничко старателство над Жулиен. Сето тоа би било добро доколку Антоан е човекот каков што се претставува, но неговата сопруга и неговите две деца го познаваат во многу поинаква светлина. Во минатото, Антоан беше далеку од ангел.

Напротив, тој умеел да создаде атмосфера на постојан страв, одејќи дотаму, повремено да ја тепа сопругата пред очите на своите деца. Тој лесно се извлекол бидејќи Миријам, сакајќи да избегне уште повеќе проблеми, никогаш не поднесла жалба против него што на крајот се свртува против неа. И покрај фактот што Жулиен не сака веќе да се гледа со својот татко, судијата на семејниот суд го исполнува барањето на Антоан.

Сабота, 19.15 часот, Телма телевизија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

error: Содржината е заштитена!