Втората сезона од популарната мафијашка драма стартува на Телма, веднаш по завршетокот на првата сезона.
Еден од главните мотиви и двигатели на заплетот на втората сезона го носи судирот на модерното и традиционалното, т.е. доаѓањето на ново време и на нови генерации кои не се држат до традицијата и дадениот збор.
Втората сезона започнува три години подоцна во Естонија, каде Урош Периќ и неговото семејство се во програмата за заштита на сведоци откако сведочеа против „наркобосот“ Дардан Бериша. Сведочењеѕо на Урош го однело Дардан во затвор, а Петрит Кочи станал висок функционер на Интерпол.
Дардан е во затвор, а основачот на кланот Скендер Бериша е мртов. Синот на Дардан, Дритон се враќа на Балканот со намера да го преземе семејниот бизнис. Неговиот главен мотив е одмаздата, а Урош го смета за виновновен за смртта на неговата сестра и предавството на неговиот татко.
Конфликтот татко-син избива бидејќи Дритон ја занемарува традицијата и ги ги отфрла наредби на татко му. Ја прекршува заклетвата (Беса) и го организира атентатот на семејството Периќ во Естонија.
Урош ќе преживее и ќе се врати на Балканот за да открие кој ги убил неговите најблиски и да се одмазди.
Од понеделник, 14 ноември на Телма телевизија продолжуваат премиерните нови епизоди од омилената српска крими серија “Беса”. Хит серијата ексклузивно на Телма со втора сезона во 22.15 часот.
Дани | ТВ Пакет