Преостануваат уште само неколку дена до почетокот на фудбалските проби за млади и талентирани играчи што ќе се одржат на 4 и 5 август на градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп кои се во организација на професионалниот фудбалски клуб – ТФА Елит.
Пријавувањето за пробите е во полн ек и заинтересираните играчи ширум земјата, а спортскиот директор на дубајскиот клуб нетрпеливо чека да пристигне и открие неизбрусени фудбалски дијаманти во Македонија.
„ТФА Елит им дава нова односно втора шанса на младите и талентирани играчи од Европа да напредуваат во кариерата и нашиот клуб им овозможува рапиден развој и враќање во европскиот фудбал преку првокласни тренинзи предводени од врвен стручен штаб и изложеност пред интернационални скаути и клубови.
Горди сме на постигнатото досега и на успешните приказни на играчите кои биле дел од нашиот проект, а ТФА Елит е одлучен и посветен да им помогне на младите фудбалери да ги остварат нивните соништа и да се докажат на меѓународната сцена.“ – изјави Али Ел Џиши, спортскиот директор и предводник на експедицијата што пристигнува во Прилеп.
Фудбалските проби претставуваат исклучително ретка шанса за младите фудбалери да ја започнат или продолжат кариерата во Обединетите Арапски Емирати бидејќи стручниот тим на ТФА Елит ќе избере минимум еден до најмногу тројца играчи кои ќе отпатуваат на покриена (лет, сместување, виза итн.) 30 дневна проба во Дубаи да се изборат за професионален договор во пресрет на новата сезона.
Исто така, ТФА Елит веќе склучи договор за соработка со македонскиот клуб – ФК Победа, а довчерашниот тренер на дубајскиот клуб – Дени Гатри го најави настанот и отворено говореше за успешноста на пробите кои се одржуваат ширум светот и квалитетната работа и ветувања на ТФА Елит.
Дани | ТВ Пакет